Заев не верува дека за две недели ќе се реши името
По денешната изјава на еврокомесарот, Јоханес Хан дека очекува решение за спорот со Грција за две недели, премиерот Зоран Заев изјави дека не верува дека тоа ќе се случи толку брзо.
Тој вели дека Хан е многу голем пријател на Македонија, и дека се надева дека тој има повеќе информации, па е толку оптимист.
Премиерот кажа дека утре ќе се сретнат министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас и со оглед на тоа што тој знае за што ќе се разговара, решението е блиску и ќе биде за неколку недели, но не за две.
Слично
