Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Не се среќавам со Героски, нека ги пријави сознанијата

Заев: Не се среќавам со Героски, нека ги пријави сознанијата

Бранко Героски да ги пријави сите сознанија кои ги има во истражните органи. Не треба да има средба со мене, рече денеска премиерот Зоран Заев прашан дали ќе го прими на разговор новинарот кој јавно побара да с евиди со него. Героски е ватор на серијалот текстови кои претходеше на случајот „Рекет“, а во новите текстови најавува дека ќе има и нови информации. 

„Јас сум Зоран Заев кој помина низ многу лични и јавни настани во борбата за подобра држава и истиот кој се бореше за едно општество за сите, се борев и стоев на нозе. Борбата не била лесна и имаше непријатни ситуации. И сега ќе бидам прв во бескомпромисна борба со корупцијата. Не сум истражен орган, ни обвинител јас сум премиер и треба да обезбедам услови, рече Заев.

Додаде дека казни мора да има за тие, што како што рече с еогрешиле, но дека тој секогаш апелирал на презумпција на невиност. 

„Не смееме да правиме масакр врз никого. Героски јавно побара средба. Има истражни органи, но тој треба да оди таму и да пријави. Ред е да оди да пријави. Нема што кај Заев. Јас пијам кафе со секој, но на оваа тема нема што со мене да се разговара, туку во институциите, вели Заев. 

Слично

Поврзани вести