Заев не се откажува од СЈО
Премиерот Зоран Заев не се откажува од продолжувањето на работата на Специјалното јавно обвинителство и најави дека законот влегува во парламентарна расправа, одговарајќи на новинарско прашање.
Сепак, за тоа вели дека треба да биде постигнат консензус ореку разговори прво со најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, со одметнатата независна пратеничка група, а потоа и со опозицискиот албански кампус.
– Очекувам дека за овој закон треба и мора да се постигне консензус. Секако има секаков вид на очекувања, но редот е сите заедно да му дадеме поддршка, рече Заев одговарајќи на прашања по денешното потпишување на првите договори за закуп на државно земјоделско земјиште до три хектари.
Слично
