Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев не се откажува од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Заев не се откажува од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Заврши состанокот на Извршниот одбор на СДСМ на кој беше разгледувана состојбата и следните чекори по неделниот референдум во Македонија. Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по состанокот не прецизира за што се разговарало, посочувајќи оти ќе биде издадено соопштение за медиумите од партиската прес-служба. Прашан дали во текот на денот имало некаква комуникација со преставници на ВМРО-ДПМНЕ за евентуален договор за усвојување на уставните амандмани во Собранието, Заев кусо кажа дека ќе се направат сите можни обиди да се најде решение, објави МИА.

- Сериозен е процесот пред државата. Ги знаете нашите ставови. Ќе се обидуваме со пратениците. Се ште можеме ќе направиме. Ги знаете нашите ставови, не би кажувал детали, изјави Заев по состанокот на ИО на СДСМ.

Слично

Поврзани вести