Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Не се мешам во судските одлуки иако за Јанакиески не ми е сеедно

Заев: Не се мешам во судските одлуки иако за Јанакиески не ми е сеедно

Нема да се мешам во судството и нема да интервенирам иако за Миле Јанакиески не ми е сеедено, одговори денеска премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со штрајкот со глад на поранешниот министер за транспорт и врски кој е во Шутка. Заев рече дека имал разбирање затоа што Јанакиески е татко и сопруг и додаде дека е против одредување мерка притвор до конечна судска одлука, но тврдеше дека има црвени линии во можните интервенции и оти тој не сака да се меша во судската власт.

„Јас сум против притвор за кој сметам дека треба да се користи како крајна мерка, никој не е виновен до конечната правосилна пресуда Миле Јанакиески има три деца, како што имам и јас и не ми е сеедно, но тоа не ми дава за право да го менувам правниот систем, да влијаам и да правам притисок, рече Заев. 

Слично

Поврзани вести