Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Не сакам судството да ми се доодворува

Заев: Не сакам судството да ми се доодворува

Премиерот Зоран Заев во гостувањето на Телма истакна дека мора да се спроведат вистински реформи во правосудството без никакок притисок од страна на владата, ниту пак очекува судиите да и се доодворуваат на новата власт, туку да работат правилно.

– Ниту на Заев, ниту на СДСМ, ниту на коалицијата не им треба некој да им се додворува. Мене и на коалицијата ќе ни помогнат само ако одлучуваат по норми и критериуми, ако судските одлуки се носат согласно Уставот, законот и сопственото убедување на судијата. Тука е најголемата суштина на реформата во правосудството, рече Заев, повторувајки дека ќе биде заменет секој министер или заменик-министер доколку се изврши притисок и влијание врз судството.

Заев истакна и дека мора да се вработат квалитетни кадри кои ќе ги предводат државните служби, а не се да зависи од нивната партиска припадност.

– Не може партискиот клуч да биде императив во одлучувањето на било кој даден ангажман. Има многу партиски луѓе која ги водат институциите и тие имаат пристрасност кон своите сопратијци, но во секоја прилика со нашите централни и извршни одбори кажуваме дека мора да ги измениме работите. Не може само една партија да се заменува со друга. Има 70 проценти од луѓето кои не се членови на партии и не ги интересираат партиите и дај боже да го доживееме моментот на западните земји кадешто првата нишка е нормативот, критериумот и принципот, вели Заев.

Што се однесува до спорот за името со Грција, Заев повтори дека нема нов предлог, но оти на крајот на јануари е договорена нова средба.

– Закажана е нова сесија на крајот на јануари и веројатно секој месец ќе има сесии каде ќе се решава прашањето за името. Јас сум убеден дека тоа треба да го направиме најдоцна до крајот на првата половина на 2018 година, рече Заев, додавајќи дека е убеден оти заедно со грчката страна може да најдат прифатливо решение.


Слично

Поврзани вести