Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Не сакам да ги коментирам одлуките на судот, се посветувам на политичкиот аспект

Заев: Не сакам да ги коментирам одлуките на судот, се посветувам на политичкиот аспект

Премиерот Зоран Заев изјави дека средбата Заев-Груевски кај претседателот на државата, Ѓорге Иванов, била за нормализација на политичките процеси, по реакцијата на граѓаните за активностите на Обвинителство и Судот за насилствата од 27 април. 

Опозицијата, како што изјави Заев, изразила незадоволство за одредени политички процеси кои имаат правна импликација, а се разговарало и за потребата опозицијата да биде целосно вклучена во идните реформски процеси. 

„Не сакам да ги коментирам одлуките на судот, јас се посветувам на политичкиот аспект затоа што сум политичар и верувам дека мора да има владеење на правото во Македонија, но и да бидеме сите внимателни за перспективите на државата, Македонија е исправена пред сериозни процеси и реформи, верувам дека ќе изнајдеме решение преку разговор со политичките субјекти“ - рече Заев.

Со Груевски се договориле да продолжат со средбите.

Слично

Поврзани вести