Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Не можеме да очекуваме дека бројот на заболени ќе падне

Заев: Не можеме да очекуваме дека бројот на заболени ќе падне

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на денешната прес-конференција рече дека најавените парламентарни избори не зависат од дневните бројки на позитивни случаи на Ковид-19, без разлика дали тие ќе се одржат на 5 јули, 8 јули или подоцна.

- Луѓето се по парковите, по угостителските објекти, се повеќе сме со пријателите, а границите се отвораат. Не можеме да очекуваме дека бројот на заболени на дневна основа ќе паѓа. Тоа ќе биде присутно и со тоа ќе живееме додека не се најде лек, односно вакцина. Не можеме реално да очекуваме дека бројките ќе паднат., Бројки ќе има слични или исти и после еден месец, два или пет месеци, вели Заев.

Според лидерот на владеачката партија, граѓаните за гласање трошат време од 5 минути, додека одењето во ресторан трае два часа, а купувањето во маркет и до 30 минути.

Очекува намалена излезност на изборите поради стравот кај граѓаните од епидемијата, а доколку изборите навлезат во најврелите летни денови, бројот на гласања уште повеќе ќе се намали.


Слично

Поврзани вести