Заев не коментира дали преговорите со Грција пропаднале
Премиерот Зоран Заев денеска избегна да даде изјава за спорот со Грција, по обраќањето во рамките на проектот ,,Предизвик за млади истражувачи”, со образложение дека не сака да го засени настанот, посветен на децата.
Денеска единствено со став се огласија од Владиниот кабинет, демантирајќи ги медиумиските написи на српскиот портал Курир, кој објави дека преговорите помеѓу Македонија и Грција пропаднале.
„Владата на Република Македонија останува посветена на изнаоѓање решение кое го штити и зајакнува достоинството и идентитетот на граѓаните на РМ. Шпекулациите во овие сензитивни моменти не можат да придонесат оваа стратешка цел од национален интерес“- велат од Владата во врска со шпекулациите пласирани од регионални медиуми.
Најаважно е, како што посочуваат од Владата, да се постигне квалитетно и заемно прифатливо решение кое ќе биде одржливо.
