Заев не ја коментира оставката на Груевски, потребна е силна опозиција
Премиерот Зоран Заев не дава коментари за оставката која Никола Груевски ја најави од претседателската позиција на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тоа е внатрепартиско прашање, туку само посочи дека на Македонија е потребна силна опозиција која ќе врши притисок врз власта во политичкиот процес.
„Јас воопшто не сакам да си дозволам да коментирам работи за нашиот политички опонент. Само ќе кажам дека силна опозиција ќе ја направи владата уште поодговорна и потранспарентна. Тоа си е работа на раководстото на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините членови“ одговори денеска Заев на новинарско прашање.
Слично
