Заев не губи надеж, смета дека до крајот на декември може да се најде решение со Бугарија
И покрај тоа што нема промени во бугарската позиција, мaкедонскиот премиер Зоран Заев е уверен деке е можно решение со источниот сосед до крајот на декември.
Вели дека различностите не ни се толку големи и имаме должност да отвораме иднина, а не да бидеме заглавени во минатото. Заев вели дека германската канцеларка, Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон биле настојчиви, прецизни, и јасни во разговор со него и со бугарскиот претседател Румен Радев.
Додека не се тргне бугарската блокада, Македонија не може да ги почне преговорите со ЕУ. Претходно, Франција не дозволи Македонија и Албанија да почнат преговори, со објаснување дека треба да направат реформи внатре во унијата.
Слично
