Заев: Не го поканивме Јанчев, не сакаме да му наштетиме или да му правиме промоција
Со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев имаме добра соработка, но овој пат ние не го поканивме да дојде, рече денеска премиерот Зоран Заев кој со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски направија увид на реконструкција на патниот правец Кавадарци-Дреново, на новинарско прашање зошто и Јанчев не е таму.
„Имаме добра соработка, но овој пат ние не го поканивме затоа што е предвечерие на изборите. Не сакаме некому да наштетиме, ниту пак да не бидеме од посебна корист. Со него имаме добра соработка, но соработуваме на државните проекти најмногу. И да сакаме да потрошиме пари треба одобрение за градба и да се заврши административната работа. Не можиме да се пожалиме но бенефитот го имаат кавадарчани. Секако тоа е благодарание и на нашите пратеници кои носат дбри проекти кои се инкорпорираат во буџетот за реализација. Имаме соработка и со Зрновци, Сопиште, Илинден, каде не се градоначанили од СДСМ. Секако тоа не за Заев или за некој друг туку за граѓаните, изјави Заев.
