Заев не го коментира сведочењето на куќната помошничка на Боки 13
Премиерот Зоран Заев не го видел сведочењето на куќната помошничка на Бојан Јовановски која откри дека гости во станот на обвинетиот во случајот „Рекет“ биле вицепремиерката Радмила Шекеринска, пратеникот Александар Кирацовски, министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.
Пред почетокот на денешната седница на Владата, Заев кратко рече дека разговарал со претставници на Министерството за правда за тоа како се водел случајот „Рекет“. Тој не планира да ги праша неговите најблиски соработници зошто биле гости во домот на Боки 13.
- Немам намера да навлегувам и да коментирам кој бил кај некого дома, кој бил на работа, кој бил во Меѓународната лига. Мислам дека ова не е од никаква потреба да се разјасни, рече Заев.
Но, според ВМРО-ДПМНЕ, сведочењето на луќната помошничка е доказ дека политичката елита е вклучена во аферата „Рекет“. Опозицијата вели дека доказите се скриени во случајот.
Судскиот процес за случајот „Рекет“ продолжува на 3 јануари. Поранешниот специјален обвинителка Елизабета Јосифовска, која беше заменик на Катица Јанева во СЈО, треба да сведочи.
