Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев не го дава Филипче

Заев не го дава Филипче

Премиерот Заев не го менува Филипче. Предлозите за министри веќе се испратени во Собранието и оттука Заев псоочува дека нема назад.

Поради критиките кои одекнаа во јавноста токму за името на Веко Филипче, премиерот во синоќешно гостување на Телма посочи дека нема предрасуди и тој ќе добие можност како човек кој имал визија за реформи.

Заев рече дека Филипче бил добар специјалист, добро го познавал здравството и дека шест месеци му е советник.

Посочува дека му дава можност да се докаже, а ако не вроди плод неговиот ангажман, ќе заврши со кариерата.

Секторот здравство кој е речиси меѓу најважните, уште нема министер. Првично местото му припадна на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците но реши да се повлече за да се кандидира за градоначалник.

Сепак, Заев потенцираше дека партијата на Села нема да го добие ова министерство бидејќи како што рече не му следува на никој по паритет здравство, туку по квалитет и дека изборот се прави не за партија туку за индивидуа.

„Села беше рамо до рамо со мене во Собрание и заради тоа толку време траеја овие преговори, но не најдовме заедничко решение“, посочи првиот човек на Владата.

Но, кој е Венко Филиче?

Јавноста го познава како неврохирург. Моментално е советник на премиерот, а иста функција имал и кога бил Тодоров министер.

Д-р Филипче, дипломирал, докторирал и магистрирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј„ во Скопје. Информациите з анего велат дека стекнал искуства и доедукација со престоите во Охајо, САД на тамошниот државен универзитет и во Цирих, Швајцарија на тамошната универзитетска болница.

Оттука се поставува прашањето дали премиерот ќе направи ризична одлука со тоа што го поставува Венко Филипче или сепак носи одлука за која нема да жали.


Слично

Поврзани вести