Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев не ги прифати оставките на Филипче и Хасани

Заев не ги прифати оставките на Филипче и Хасани

Премиерот Зоран Заев не ги прифати понудените оставки за пожарот во модуларната болница во Тетово. 

Заев вели дека министерот за здравство, и заменик министерот, Венко Филипче и Илир Хасани направиле многу и спасиле илјадници животи. 

Тој  денеска на прес - конференција изјави дека ќе се засилат контролите во модуларните болници. Заев кажа дека го имал во предвид целокупниот професионален ангажман на Филипче и Хасани. 

„Болката е огромна кај сите, но мора да мислиме не само за денес и за утре“, рече Заев.

Тој вели дека не сме единствена земја која се соочила со трагедии, и такви имаше во Романија. 

„Продолжува истрагата, институциите истражуваат многу други елементи. Но, на сите ни е јасно што значи просторија полна со кислород“, додаде Заев. 

Tврди дека модуларните болници се правени по стандарди како и во други држави. 

Имено, со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат.

Пожарот се случи на 8-ми септември, при што загинаа 14 луѓе. 

Слично

Поврзани вести