Заев: Не е добро што не дојдоа претставници од Бугарија
Премиерот Зоран Заев во интервју на ТВ21 рече дека претставува лоша порака тоа што на Преспа форумот за дијалог не присуствувале претставници од соседна Бугарија.
На собирот за јубилејниот повод од Преспанскиот и Охридскиот договор, Бугарија немаше свои претставници, иако многу земји од регионот и од Европа беа претставени со свои министри.
„Покани испративме уште кога почна организацијата за Самитот. Имавме најави дека ќе има претставници овде, но за жал не дојдоа. Ќе ги видиме причините, ние немаме одговор. Сигурно после ќе видиме кој биле причините, но не е добра порака. Во најмала рака можеби е кабаетлук, не знам, се надевам дека е затоа што ние сме пријатели“, рече Заев.
Слично
