Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Нашата намера е да ја спречиме изградбата на рудницитe

Заев: Нашата намера е да ја спречиме изградбата на рудницитe

Премиерот Зоран Заев, денеска на прашање дали во Казандол е почнато со минирање, одговори дека започнати се сите постапки. 

„Јас уште еднаш ве уверувам дека секој правно-формален аспект ќе го искористиме за да останеме на нашето ветување дадено пред граѓаните. Ќе направиме сè. Нашата намера е да ја спречиме изградбата на рудниците. Сè што постои, како правно-формални опции. Гледам дека има пропусти. Правните тимови работат. Ќе ги разгледаат сите овие резултати како заклучоци и ќе постапиме“- рече Заев. 

Премиерот Заев за министерот за здравство рече дека штом ќе ја донесат одлуката за ова испразнето место и за министерот без ресор за странски инвестиции, замениците, веднаш ќе соопштат јавно.

Слично

Поврзани вести