Заев: Најмногу за една до година и половина, земјата ќе стане триесетта членка на НАТО
Премиерот Зоран Заев, во вестите на Ал Џезира Балканс, изјави дека откако на 12 и 13 јули на Самитот на НАТО, Република Македонија ќе добие покана за членство, најмногу за една до година и половина, земјата ќе стане триесетта рамноправна членка на Алијансата.
Заев оцени дека во неделата бил потпишан историски Договор кој и е потребен на Македонија.
Премиерот рече дека се случуваат значајни работи кои нудат перспективи за граѓаните.
Слично
