Заев најави зголемување на парламентарното мнозинство
Почнуваат разговори за зголемување на парламентарното мнозинство. Премиерот Зоран Заев најавува дека ќе почне разговори со сите опозициски партии освен со ВМРО ДПМНЕ.
Тој од нив очекува поддршка за реформите, интеграциите и за изградба на „едно општество за сите“.
Реконструкцијата на Владата и евентуалните промени во ресорите, како што наведе ќе бидат договорите со политичките партии и пратениците, кои би ја прифатиле владината програма за влез во парламентарното мнозинство.
Почнувањето на процесот на зголемување на парламентарното мнозинство, според Заев ќе значи испраќање сериозна порака до граѓаните, до стопанството, до општеството дека Владата има намера преку посилно и стабилно мнозинство во Собранието да носи сериозни одлуки во Република Македонија, кои, како што наведе се на повидок и доаѓаат.
Премиерот вели дека луѓето коишто не даваат шанса на едно општество за сите како концепт, не ќе можат да бидат дел од парламентарното мнозинство.
