Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев најави уривање на дивоградбата во Охрид на Нефи Усеини

Заев најави уривање на дивоградбата во Охрид на Нефи Усеини

Рушење на дивоградбата на Нефи Усеини во Охрид, најави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев. 

Заев нагласи дека законот најпрвин треба да го спроведе локалната власт, која ако не постапи според законот, тогаш нејзините надлежности ќе бидат одземени и правдата ќе ја истера државата.

„Ако Нефи Усеини не ги тргне дивоградбите тоа ќе го стори државата“, изјави денеска Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со нелегално изградени објекти од страна на советникот од ДУИ во Охрид.

Бројни критики имаше и од опозицијата за оваа дивоградба, а Охрид може да го изгуби статусот кој го има во УНЕСКО на заштитено подрачје. 

Слично

Поврзани вести