Заев најави референдум за името
Во дворот на Владата на РМ премиерот Зоран Заев во присуство на сите министри одржува прес и одговара на прашања по повод една година од работењето на Владата.
Премиерот кажа дека „никогаш не сме биле поблиску до решение, а пријателството меѓу двете земји и двата народа никогаш не било поголемо“.
Заев вели дека македонскиот јазик е потврден, нашиот идентитет е потврден, не е лесно ова прашање, но на Македонија и треба лидерство за да чекори напред, а не само празни зборови
Нагласи оти за името ќе има референдум, на кој граѓаните ќе го имаат конечниот глас.
- Вистинските патриоти денеска се тие што им обезбедуваат иднина на граѓаните на Македонија по решавање на спорот за името. Македонија станува членка на НАТО. Решаваме 25-годишен спор, кој земјата ја влечеше надолу, додаде Заев.
ФОТО: ФАКТОР
