Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев најави реакција по тврдењата на БАН дека македонски јазик не постои

Заев најави реакција по тврдењата на БАН дека македонски јазик не постои

Македонија ќе реагира по ставовите на Бугарската академија на науките (БАН) дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, најави денеска премиерот Зоран Заев.

„Ќе реагираме поради тоа што тоа прашање е дел од прашањето за решавање на проблемите помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија во Договорот за добрососедство и пријателство. Првите чекори се направени. Верувам дека тоа мораме да го решиме. Јас не ја знам реакцијата, сега ја слушам од вас. Секако ќе реагираме и преку МНР и ќе ги направиме сите наши коментари откако ќе прочитаме што е самата реакција“, изјави Заев. 

Македонскиот јазик не постои, зашто е писмено-регионален стандард на бугарскиот, се вели во реакцијата на Бугарската академија на науките.

Контроверзниот став е своевиден одговор на Повелбата на македонските колеги, усвоена пред 10 дена од МАНУ, во која се изнесени научно признаени факти за македонскиот јазик, а во насока на зацврстување на потребата за научно истражување на македонскиот јазик и дијалекти.

За БАН таквиот документ е неприфатлив и неточен, а дека македонскиот е бугарски јазик напишан на српска машина. 

„Документот предизвикува многу сериозни научни забелешки. Затоа, беше дискутиран од страна на раководството на Бугарската академија на науките, по што беа побарани и презентирани мислењата на три институти на Академијата - Институтот за бугарски јазик, научниот центар Кирил и Методиј и Институтот за историски студии", се вели во пораката од раководството на БАН.

Во него се наведува дека добиените мислења биле поддржани и од индивидуалните позиции на членовите на Собранието на академици и соодветните членови на БАН. 

Слично

Поврзани вести