Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев најави „пријатна“ кампања за референдумот

Заев најави „пријатна“ кампања за референдумот

Премиерот Зоран Заев најави дека кампањата за референдумот ќе биде „пријатна, едукативна и мобилизирачка“, односно поразлична од онаа на политичките партии за парламентарни или локални избори, каде што, како што рече, граѓаните ќе излезат многу слободно, растеретено и ќе одлучат за својата европска иднина.

Рече дека медиумскиот простор ќе биде платен од парите што Владата ги алоцираше во Парламентот, што, како што потсети, е покренувач на постапката за референдумот.

- Уште еднаш да расчистиме - овие пари се поделени по мандати, значи не се поделени по пратеници како поделени пари за пратеници согласно добиените мандати, и нивната определба за „за“ и „против“ така ќе бидат закупени и медиумските простори - сто отсто од тие пари одат во медиумите, рече Заев. 

На новинарско прашање дали се комплетно опремени тимовите за скринингот на ЕУ што почнува во септември и дали ќе учествуваат и граѓансите организации, Заев рече дека тимовите се оформени до тој дел до каде што е можно, а се разговара и понатаму со граѓанските организаи.


Слично

Поврзани вести