ЗАЕВ НАЈАВИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: Ќе се одржат следната година, 45 дена пред рокот
Премиерот Заев најави дека парламентарните избори во земјава ќе бидат одржани следната година, 45 дена пред редовниот рок.
Заев тоа го кажа при посета на фабрика во Велес, и нагласи дека целта на неговата влада е да покаже какво влијание имаат ЕУ и НАТО на растот на македонската економија, креирање нови работни места...
Според него, стратешките цели на неговата влада за пристапување во ЕУ се очекува да бидат решени кон средината на октомври, а кога станува збор за пристапувањето во НАТО, тој рече дека тоа зависи од одлуката на Шпанија.
Тој објасни дека земји како Бугарија, Хрватска или Романија, кога влегле во НАТО и ги започнале преговорите за пристапување со ЕУ, доживеале „меден месец“ што, според Заев, не се повторува.
„Ова е тој период што буквално не можеме да очекуваме да го повториме во иднина и тоа се причините зошто веруваме дека треба да се одржат редовни избори“, заклучи Заев.
