ЗАЕВ НАЈАВИ МОДЕРНИЗАЦИЈА НА СДСМ: Цврста рака е симбол на режим, а демократија никогаш доста
Премиерот Зоран Заев денеска на прес - конференција изајви дека кадрите на СДСМ во институциите ќе водат напред во спроведувањето на антикорупциските мерки.
Вели дека во СДСМ се почитуваат разлилни мислења. Рече дека цврста рака е симбол на режим, а демократија никогаш доста.
„Одиме напред во секој можен поглед и враќање назад нема“, вели Заев.
Додаде дека СДСМ ги отвора вратите за сите оние кои ги поддржуваат нивните идеи, а досега не биле активно вклучени во политичкиот живот во нашата земја. Рече дека партијата ќе ги обедини сите граѓани со прогресивни цели.
„Македонското социјалдемократско семејство е големо, со Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби и друга таква политичка партија во државата нема“, рече Заев.
Вели дека не се безгрешни, никој не е, но факт е дека никогаш не скршнале од патот кој носи економски раст. СДСМ ќе продолжи да се модернизира со нови електронски членски книшки. Заев побара поддршка за уште еден мандат за позицијата лидер на СДСМ. Ги повика членовите да му ја дадат довербата на 21 март.
