Заев најави како планираат да им се одолжат на српските граѓани за солидарноста
Премиерот Зоран Заев вечерва во „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека Европа затаи во делот на солидарноста.
Вели дека ако критикуваат, ќе предизвикаат кавги, а со тоа не се постигнува целта.
„Не треба да влегуваме во кавги непотребно, нема да постигнеме нешто, ниту нешто ќе добиеме“, рече Заев.
За вакцинирањето на наши граѓани во Србија, рече дека е непријатно, но ситуацијата е таква каква што е.
„Сите можевме да дигнеме по некој телефон и да помогнеме“, вели премиерот.
Се размислува српските граѓани летово да добиваат картички при влез во земјата и да бидат ослободени од патарина. На ваков начин да им се возврати за солидарноста која ја покажаа преку донирањето на вакцини. Заев вели дека иако вакцините се донирани, сепак нив ги платиле српските граѓани.
