Заев најави борба со аерозагадувањето
Премиерот Зоран Заев во Само вистина на Канал 5 вечерва рече дека имаат сет на мерки за заштита на животната средина.
Тој вели дека допрва доаѓаат убави времиња за Македонија, ако одработат она што е зацртано.
Премиерот најави дека ќе има и еколошки мерки за намалување на загадувањето.
Гасификацијата вели дека ја прават од економски, но и од еколошки причини.
Тој вели дека е точно дека овие претседателски избори се „за“ или „против“ Преспанскиот договор.
Тука ја спомена професорката Гордана Силјановска која е против овој договор.
„Јас знам кој ќе победи, јас сум упатен, информиран човек, но кој почитувам секој противник. Тоа не е одлука на Влада па ние да ја донесеме, граѓаните ќе одлучат“, вели Заев.
За непотизам Заев изјави дека тоа останува на одговорноста на функционерите, но спомна дека тука треба да се внимава, да не дојде до дискриминација затоа што сите имаат право да работат во државата.
