Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев на свое име има само даден заем, се друго поседува семејството

Заев на свое име има само даден заем, се друго поседува семејството

Анкетниот лист кој го пополнил новиот претседател на Владата на Република Македонија е еден од поскромните на новите владини функционери бидејќи има доста министри со прилично богати салда и имоти. 

Зоран Заев до Државната комисија за спречување на корупција поднел анкетен лист во кој речиси и да нема ништо на свое име, освен даден заем во висина од 4.300.000,00 денари. Се останато е на име на членови на семејството. Неговата сопруга има орочен депозит во вредност од 445.445,00 денари додека пак неговите родители кои имаат имот и недвижности во Струмица. 

Родителите на Заев поседуваат куќа од 400 метри квадратни, стан од 65 квадрати и деловен простор од 60 квадрати. Тие исто така располагаат и со акции чија вредност се проценува на 12 милиони денари. Поголема ставка кај семејството се бележи и кај децата на премиерот на чие име е оставен орочен депозит во износ од 1.648.269,00 денари.

Овој анкетен лист ќе биде многу важно да остане забележен за потоа да се спореди и имотната состојба на премиерот Заев откако ќе му заврши мандатот.

Слично

Поврзани вести