Заев на средбата со Меркел и Макрон: Да не се дозволи ризик од ретроградни националистички струи
„Потребен е поглед кон иднината за да се решат билатералните спорови кои влечат корени од минатото“, е коментарот на премиерот Зоран Заев кој заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров, имаше средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон, канцеларката на СР Германија, Ангела Меркел и претседателот на Бугарија, Румен Радев на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо.
Според она што го објави премиерот, на средбата била изразена посветеноста на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, со што бил потврден стратешкиот интерес на унијата за ова прашање.

„Им ги споделив очекувањата и јасните определби на македонските граѓани за европска иднина на Северна Македонија и дека итно се потребни европски чекори од страна на сите земји-членки на ЕУ со цел да не се дозволи разочарување на нашиот народ, а со тоа и зголемување на ризиците од засилување на ретроградните националистички струи“, напиша Заев.

Радев по средбата рече дека Бугарија нема да ги промени позициите и дека Брисел се повеќе ја разбираат вистинската природа на проблемот. Шефот на државата ја повика PCM безусловно да го почитува духот и обврските од Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година, доколку сака да се приклучи на ЕУ.
Слично
