Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев на пролет ќе ја „проветрува“ владата

Заев на пролет ќе ја „проветрува“ владата

Македонскиот премиер Зоран Заев најави дека на пролет ќе има реконструкција на владата, како и промени во вториот и третиот ешалон. Заев не ја отфрли можноста да бидат сменети и некои актуелни членови на неговиот кабинет.

- Тоа што значи неуспешност во менаџирањето на една институција, не може да заврши како рефлексија во самата институција. Ќе следуваат кадровски промени. Рекапитуларот ќе се случи по десетте месеци од стартот на владата, на пролет, кога на дел од нив ќе им се заблагодариме. Немаме многу време, а граѓаните чекаат резултати. Рекапитуларот може да предизвика и реконструкција. Може да има промена на директори, но и промена на министри, на државни секретар - порача Заев.

Тој дури екатегоричен дека ќе ги разреши и двајцата функционери на владата кои се под истрага на обвинителството.

- Без разлика како ќе заврши истрагата, за мене и тие индиции се доволни дека тие лица не треба да го продолжат мандатот. И по актуелните конкурси верувам дека сите што беа вршители на должност нема сто отсто да останат на истите позиции - истакна Заев.


Слично

Поврзани вести