Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев на прием во седиштето на НАТО

Заев на прием во седиштето на НАТО

Премиерот Зоран Заев, в понеделник, освен во Европската комисија, ќе има прием и во седиштето на НАТО, јавува МИА.

Тој ќе се сретне со генералниот секретар Јенс Столтенберг. Според најавите од Алијансата, Заев на средбата со Столтенберг ќе биде придружуван и од новата министерка за одбрана,  Радмила Шеќеринска, како и од министерот за надворешни работи,  Никола Димитров.

Претходно беше најавено дека Заев во Брисел ќе се сретне со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини и со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан. Ова е прва посета на Заев во Брисел откако стана премиер. 

Слично

Поврзани вести