Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ НА ПРЕС ВО 13ч: Пак ќе го бара мандатот или ќе помине на план Б?

ЗАЕВ НА ПРЕС ВО 13ч: Пак ќе го бара мандатот или ќе помине на план Б?

Од кабинетот на опозицискиот лидер најавија дека во 13:00 часот во седиштето на СДСМ, пред граѓаните ќе се обрати Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Засега не е познато што ќе биде тема на ова обраќање на првиот човек на СДСМ, но јавноста очекува Заев да ги најави идните чекори во однос на формирањето на новата Влада.

Неизвесно е дали Заев ќе му даде уште една шанса на претседателот Иванов да се предомисли и да му го додели мандатот, или пак ќе одлучи да премине на следните чекори кои ги најави досега неколку пати, односно дека ќе влезат во Собрание и ќе изберат претседател.

Во синоќешната емисија „Патот кон“ на Алсат-М изјави дека има план Б, во случај ако претседателот на државава, Ѓорѓе Иванов не му го додели мандатот, но и дека се надева дека тој нема да се реализира.

„Планот А е да биде доделен мандатот од Иванов. Во планот А е и конституирање на Собранието и избор на Претседател на Парламентот. Јас се надевам дека нема да дојде до план Б, туку ќе се реализира план А. Ќе се обидеме деновиве да постигнеме договор за претседател на Собранието. Да биде функционален и ќе се обидеме со тој чекор“, рече Заев.


Слично

Поврзани вести