Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев на обвинителна клупа-ќе почне ли „Поткуп“ или пак ќе се одложува?

Заев на обвинителна клупа-ќе почне ли „Поткуп“ или пак ќе се одложува?

Oпозицискиот лидер денеска по неколку закажувања и одложувања повторно ќе седне во обвинителната клупа.

Денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Поткуп“ во кој Зоран Заев, првиот човек на СДСМ, се товари за наводно мито.

Заев тврди дека случајот што се води против него е смешен и дека никаде во светот не постои обвинение за поткуп без да бидат дадени парите.

Овој предмет СЈО побара да го земе во свои раце, но од обвинителството на Зврлевски дека предметот што го бара СЈО не е поврзан ниту, пак, произлегува од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Обвинителството го товари Заев во својство на градоначалник на Општина Струмица, и велат дека од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, Заев побарал поткуп од 163.924 евра, или по две евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица.

Слично

Поврзани вести