Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев на кратката средба со Трамп дал поддршка за реформи на ОН

Заев на кратката средба со Трамп дал поддршка за реформи на ОН

Македонскиот премиер Зоран Заев преку својот Фејсбук профил соопшти дека во Њујорк во седиштето на Обединетите нации имал блиц средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Тие се поздравиле пред почетокот на работните сесии.

„Во Њујорк сум за Генералното собрание на ОН. На средбата со претседателот Доналд Трамп предмалку изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен почеток на реформите на организацијата на ОН“, напиша Заев.

Премиерот Заев, кој од вчера е во Њујорк, до 23 септември ќе постојува на 72. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН).

Премиерот, според агендата, ќе има работен ручек со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и други билатерални средби, меѓу кои и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, со премиерите на Норвешка и на Малта.


Слично

Поврзани вести