Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев на ифтарска вечер во Сараево

Заев на ифтарска вечер во Сараево

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, на почетокот на Годишното собрание на ЕБОР во Сараево присуствуваше на ифтарска вечера по повод рамазанските пости на покана на претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, на која учествуваше и премиерот на Албанија, Еди Рама.

„Деновите на рамазански пости се потсетник дека милосрдието, почитта, солидарноста, добрината, љубовта и простувањето се вредности кои треба да ги почитуваме и кои не обединуваат како народи“, напиша Заев на Фејсбук.

Како што најави владината прес-служба, премиерот Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски денеска ќе учествуваат на церемонијата на отворање на Годишното собрание на ЕБОР.

Премиерот ќе се обрати и на панелот на високо ниво на лидери од шесте земји на Западен Балкан. 




Слично

Поврзани вести