Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев на Фејсбук: Taтковината ќе ја биде

Заев на Фејсбук: Taтковината ќе ја биде

Блиску сме до членството во ЕУ и НАТО, нема да дозволиме процесот да го нарушат или да го доведат во ризик неодговорни ултиматуми, напиша премиерот Зоран Заев денеска на Фејсбук. 

„Ова е пораката од средбата со делегацијата на Министерството за надворешни работи на СР Германија, што ја предводеше државниот министер надлежен за Европа, Михаел Рот. Остануваме посветени до крај да стигнеме до решенија кои ќе овозможат услови за фер референдум во интерес на граѓаните на нашата земја. Законот е еднаков за сите, амнестијата за политичкиот криминал е невозможна и особено нема да попуштиме пред притисокот да отстапиме од владеењето на правото“ - додава во постот. 


Дека татковината ќе ја биде и дека македонскиот народ вечно ќе биде македонски народ и вечно ќе зборува македонски јазик, напиша тој неколку часа претходно. 

Слично

Поврзани вести