Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев на божиќна миса. Кој друг од Владата го придружуваше?

Заев на божиќна миса. Кој друг од Владата го придружуваше?

На синоќешната божиќна миса во Католичката црква во Скопје, покрај премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица Заева, присуствуваа и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев и Бујар Османи.

„Ви го честитам Христовото раѓање - Божик, на сите припадници на Католичката црква и на сите Христијани што денеска слават.
Радоста за време на празникот на Христовото раѓање нека ги поврзе сите граѓани на нашата земја и нашите сограѓани во светот. Со благословот на овој голем христијански празник да ги дочекаме идните денови во нашите домови и заедници исполнети со ведрина и верба дека секој нареден ден ќе биде подобар“, напиша Заев во својата честитка.

На свечената литургија присуствуваа оретседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, а од опозицијата беа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и пратеникот Влатко Ѓорчев.

Слично

Поврзани вести