Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев му откажа ручек на Курц и Хан

Заев му откажа ручек на Курц и Хан

Премиерот Зоран Заев му го откажа своето учество на австрискиот канцелар, Себастијан Курц, кој ги повика на работен ручек во понеделник во Виена премиерите од земјите од Западен Балкан.

Шефот на македонската Влада бил најавен на агендата, но најверојатно поради вонредни обврски ја откажал средбата. Официјалното оправдување било внатрешнополитички прашања.

На ручекот ќе допатуваат шефицата на српската влада, Ана Брнабиќ, премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Душко Марковиќ, претседавачот со Советот на министрите во БиХ, Денис Звиздиќ и шефот на косовската влада, Рамуш Харадинај. Истовремено, на состанокот ќе присуствува и комесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Според најавите на состанокот ќе стане збор за економската перспектива на Западен Балкан, регионалната соработка и билатералните конфликти.


Слично

Поврзани вести