Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев му одговори на Османи за поставувањето на албанското знаме во Охрид

Заев му одговори на Османи за поставувањето на албанското знаме во Охрид

Се знае кога се користи знаме на етничка заедница и во какви околности, со кои димензии една третина, две третини и си има обележје како тоа се користи, изјави премиерот Зоран Заев,  по изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека законот дозволува поставување албанско знаме насекаде, откако косовски граѓанин го постави на Самоиловата тврдина во Охрид. 

Заев вели дека законите се јасни и треба да се почитуваат. 

„Постојат закони и толку години зборуваме како се користи знамето и треба да се научиме дека треба да се почитуваат законите комплетно“, вели Заев.

МВР имаше експресна реакција и го казни поставувачот на знамето со парична казна од 1.100 евра. Играорецот е депортиран и има забрана за влез во Македонија од 5 години. Сепак Османи смета дека во поставувањето на албанското знаме немало ништо спорно. 

Овој чин предизвика реакции и во соседна Бугарија. 

Слично

Поврзани вести