Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев му ја исполни желбата на Амди Бајрам

Заев му ја исполни желбата на Амди Бајрам

Амди Бајрам ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ откако партијата замина во опозиција.

Тогаш Бајрам и изрази желба да премине во парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и премиерот Зоран Заев, а се чини оваа негова желба веќе станува реалност. 

Вчера официјално е потврдено дека Амди Бајрам ќе влезе во Владата на Заев.

„Каде е народот, таму сум и јас. Морам да мислам на Ромите, ние не сме силен народ, и никогаш не сум криел дека јас сум секогаш со власта. Нема место за глума или фолирање, ние сме секогаш со победниците, со оние на кои мнозинството им ја дало довербата“, кажа Амди во изјава за дел од медиумите.

Покрај него влезот во Владата Заев им го отвори и на Африм Гаши и Мендух Тачи.

Со овој потег премиерот всушност им прости на некогашните политички опоненти Тачи и Бајрам кои со години го критикуваа, дури и претерано исмејуваа во изјавите лично првиот човек на Владата.

Со влезот на ДПА и БЕСА во власта,  парламентарното мнозинство ќе добие пет пратеници плус, а премиерот ќе може да смета на вкупно 67 пратенички гласа.


Слично

Поврзани вести