Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев му даде аргумент на Макрон, тврди Мицкоски во интервју за Вечерњи.хр

Заев му даде аргумент на Макрон, тврди Мицкоски во интервју за Вечерњи.хр

Заев му даде аргумент на Макрон да ги блокира македонските евроинтеграции, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во разговор за Вечерњи.хр. 

Тој не смета дека ЕУ донела неправедна одлука за одложување на датумот за почетокот на преговорите со Македонија, туку таа одлука ја смета за последица на тригодишната катастрофална политика на премиерот Зоран Заев.

Мицкоски додава дека Заев ќе влезе во историјата на Македонија како најнегативната личност во овие 28 години, како и дека за него референдумот од 1991 година е единствениот важечки.

На прашањето каква е економската состојба во Македонија, одговара дека секој петти Македонец живее под линијата на сиромаштија. Објаснува дека тие немаат доволно пари за летен одмор или студии. 

Во интервјуто вели дека  проблем во нашето општество е криминалот, корупцијата и политичкиот притисок на судиите и обвинителите и заради тоа и Макрон го спречил отворањето на преговори со нашата држава.

Слично

Поврзани вести