Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев му честита на премиерот Ахмед за Нобеловата награда

Заев му честита на премиерот Ахмед за Нобеловата награда

Искрени и најсрдечни честитки за добивањето на најпрестижната награда – Нобеловата награда за мир, за премиерот на Етиопија Аби Ахмед, напиша на фејсбук макеоднскиот премиер Зоран Заев инаку и самиот номиниран за оваа престижна награда.

Вели дека Нобеловата награда за премиерот Аби Ахмед е заслужено признание за неговиот придонес за ставање крај на 20 годишната војна меѓу Етиопија и Еритреја, и инспирација за сите.

„Сакам да се заблагодарам на добитничката на Нобелова награда за мир Уидед Бушамауи која заедно со ФОН Универзитет нѐ номинираа мене и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас за годинешната Нобелова награда за мир. Договорот од Преспа го создадовме како обврска кон нашите народи и како порив за трансформација на Балканот во извор на соработка и заедништво.

Останува мојата и заложбата на Владата на Северна Македонија, со поглед напред, а не назад, за градење долготраен мир, стабилност и просперитет за граѓаните на нашата земја и за граѓаните од регионот, стои во објавата.


Слично

Поврзани вести