Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Морав прво да преспијам по недоделениот датум за преговори

Заев: Морав прво да преспијам по недоделениот датум за преговори

Премиерот Зоран Заев во денешното интервју за Дојче Веле изјави дека по големо разочарување на Самито на ЕУ во Брисел и неуспехот земјата да добие датум за отпочнување на преговорите морал прво да ја преспие ноќта за да може да реагира со ладна глава следниот ден. Заев претходно за„Њујорк Тајмс“ рече дека бил психолошки уништени по ветото, а често пати знаеше да каже дека размислува за оставка.

- Јас сум Зоран Заев - многу обичен и едноставен човек. Бев скршен и здробен затоа што целиот наратив во тој период беше исполнет со суперлативи кон нас. Бевме најдобриот пример во Југоисточна Европа, светските лидери започнуваа и завршуваа говори со Преспанскиот договор. Ние покажавме дека во 21 век, и покрај сите модерни тактики и технологии, сепак дипломатијата и дијалогот, градењето пријателства и фокус кон иднината, решаваат дури и вакви прашања. Преспанскиот договор е прв од ваков карактер познат во светот, постигнат по пат на дијалог и дипломатија - има и други слични договори постигнати после војна. И сега тоа да се казни - е навистина болно. Верувам исто беа скршени и граѓаните, не само јас. Видовте дека не реагирав веднаш, преспав, па следниот ден ми остана да продолжам да се борам, рече Заев.

Премиерот одговори и дека не ја загубил довербата во германската канцеларка Ангела Меркел, која според него сторила се што е во нејзина можност Македонија да ги започне преговорите со ЕУ.  Верува дека Европската комисија и земјите членки брзо ќе ги адаптираат новите предложени методологии за проширување и дека евентуални одлуки Брисел ќе носи во март, јуни или октомври следната година. Предвремените избори се, како што вели тој, дали ја има уште довербата, бидејќи, според Заев, тој бил оној кој ветувал пред граѓаните исчекор кон ЕУ.

- Но јас сум тој што зборуваше со граѓаните - ајде да испорачаме, ќе испорача и ЕУ - и тука чувствувам одговорност. Тоа е причината што решивме да одиме на предвремени избори.

Кога станува збор и за меѓународната политика, додаде дека по празниците ќе ја посети својата ќерка која е студент во Софија и тогаш приватно треба да се сретне и со бугарскиот премиер Бојко Борисов на кого ќе му понуди „креативни решенија за идентитетските прашања“



Слично

Поврзани вести