Заев: Мораме да водиме грижа и да бидеме креативни во изнаоѓање на решение
Мораме да водиме грижа и да бидеме креативни во изнаоѓање на решение за името. Многу е важна временска рамка за носење на одлуките, вели премиерот Зоран Заев во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Toj повторува дека е оптимист околу спорот.
„Оптимизмот ме води и верувам дека е од огромна помош за да гледаме храбро, внимателно, суштествено на овој сериозен процес. Сериозен, оти еве 27 години постои, а не се решил. Верувајќи дека навистина е вистинско време за решение и фала богу не сум сам оптимист, има и други оптимисти во државата, пред сè луѓето кои ми помагаат, мнозинството граѓани во нашата земја и јас сум поприлично убеден, кога веќе дојдовме до овие скалила до кои сме дојдени, дека е можно решение пред самитот на Советот на ЕУ“ - вели Заев.
Можеби недоволно зборуваме, ерга омнес значи мој однос наспроти сите, тоа е ерга омнес, наспроти интер партес и тоа е однос меѓу двајца, меѓу Македонија и Грција, додава Заев.
