Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Мора нешто да понудите за да дојдете на власт, ќе се потрудам тоа да не биде брзо

Заев: Мора нешто да понудите за да дојдете на власт, ќе се потрудам тоа да не биде брзо

Не треба вакви лузни никој да има, вакви политики поддржувате, рече премиерот Зоран Заев во тв дуелот вечерва со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Вели дека Мицкоски не се оградил од насилството кое се случи во Собранието. 

Според Заев, тоа веќе не смее да се случува во Македонија и македонски политичари да носат лузни. 

Заев рече дека мораат од ВМРО-ДПМНЕ да се потрудат ако сакаат да дојдат на власт, и нешто да понудат, а тој ќе се потруди тоа да не биде брзо. 

Мицкоски за своето раководење со ЕЛЕМ повика да се направи анкета со вработените. 

Тој рече дека барем 3 отсто од директорите на власта да се успешни како него, добро би било. 

Мицкоски вети дека ќе го размонтираат ова владеење со лоши политики. 

Заев врати дека се многу транспарентни, нема повеќе тајни како претходно. 

Слично

Поврзани вести