Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Мицотакис понуди помош, ама за договорот со Фајзер проблематични се законските аспекти

Заев: Мицотакис понуди помош, ама за договорот со Фајзер проблематични се законските аспекти

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на Економскиот Форум Делфи кој се одржува во Атина дискутираше за придобивките од Договорот од Преспа, соработката со соседна Грција на политички и економски план со фокус на енергетиката, придобивките од влезот во НАТО како и за европската иднина на Северна Македонија, соопштија од Владата.

На сесијата присуствувале и вицепремиерите Фатмир Битиќи и Никола Димитров како и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Од Економскиот Форум Делфи во Атина, премиерот Заев истакна дека со колегата Мицотакис имаат одлична соработка и порача дека Северна Македонија негува добрососедски односи и настојува секогаш сите отворени прашања да ги решава низ дијалог и во атмосфера која нема да ги продлабочува разликите, туку напротив, ќе ги приближува колку што е можно повеќе. Рече дека Мицотакис често го контактирал.

„Со премиерот Мицотакис изградивме многу позитивни односи, многу позитивна соработка. Морам да споделам со грчките граѓани дека тој многу често ме контактира, обидувајќи се да најде начин како да ни помогне за време на пандемијата. Бидејќи земјите членки на Европската Унија, немаат повеќе вакцини, но имаат порано од нас. Понуди многу можности, но законските аспекти од договорот со Фајзер беа проблематични. Но, Грција, сподели 2.650.000 евра опрема, различен вид на опрема за време на драматичните месеци минатата година, кога бевме под притисок, откри претседателот на Владата на Македонија, додавајќи дека „ние сме земја во развој, тогаш ни беше потребна помош, а Грција беше прва што ни излезе во пресрет, рече Заев.

Во однос на соработката со Бугарија, премиерот Заев очекува дека ќе има решение.

„Нашиот регион треба да влезе во ера на соработка за просперитет на сите наши народи. Да се зацврстува економската соработка, инвестициите, да се зајакнува довербата со цел унапредување на трговската соработка“, рече Заев.


Слично

Поврзани вести