Заев: Мерките се важни за да има одење на училиште, попис и избори
Премиерот Зоран Заев денеска за прв пат ја искоментира синоќешната одлука на владина седница да се забрани присуство на лица кои не примиле ниту една доза на вакцина на организирани настани и во угостителски објекти каде што има повеќе од 30 присутни.
- Важно е да почнат децата од 1 септември на училиште, важно е да имаме успешен попис, важно е да завршат изборите како што треба, да имаме нормалност.
Пандемијата ја има а четвртиот бран со делта варијатнатата е загрозувачки. Можеби не ги полни толку болниците, но во моментов во Тетово нема празни места. Тоа е сериозен аларм и очекувам од сите да се почитуваат тоа.
Движењето ќе биде слободно, но тој што не примил вакцина нема да може да оди на театар, на концерт или друг настан ако таму има повеќе од 30 луѓе, рече Заев.
