Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Мечкин камен да биде темелник на заедништво и разбирање

Заев: Мечкин камен да биде темелник  на заедништво и разбирање

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија по повод Илинден се обрати од Мечкин камен, Прилеп.

„Продолжуваме да го негуваме наследството за едно општество, продолжуваме со политиките на надминување на поделбите, сите ние македонци, албанци, срби, роми, бошнаци, турци и сите други, сметаме дека е патриотска должност да се помириме и обединиме, Мечкин камен да биде камен темелник на заедништво и разбирање, не на поделби и каменување“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, истакна и дека како држава се обединивме со соседите, и со западноевропското семјство.  Според Заев, илинденското востание е крик за обединување, а дека делбите не се патриотизам.

„Во секое семејство во Северна Македонија има по еден партизан и еден комита, ќе продолжиме и во иднина да ја градима нашата земја како што ја градеа партизаните, партизанките, комитите и комитките“, исткана во своето обраќање Премиерот.

На прославата на Мечкин камен, присутните може да ја проследат и изведбата на „Тешкото“ од националниот ансамбл Танец.


Слично

Поврзани вести