Заев: Македонија заслужува кристално чиста препорака
Премиерот Зоран Заев по рочиштето за случајот „Поткуп“ пред медиумите изјави дека очекува кристално чиста безусловна препорака од ЕУ за напредокот на Македонија.
Утре Брисел ќе го објави извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан, додека Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и шефицата на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини, по објавувањето на истиот, доаѓаат во Скопје...
„Навистина Македонија заслужува кристално чиста препорака. Важни се зборовите во таа препорака, заради тоа што тоа за нас ќе биде охрабрување или обесхрабрување. Важно е за граѓаните, за сите вклучени во реформските процеси. По оваа препорака Македонија продолжува со реформите“, изјави премиерот Заев.
Слично
