Заев: Македонците не треба да се плашат од албанска партија или пратеник
Македонците во државата не треба да се плашат дека некоја албанска партија или албански пратеник бараат да се загрози идентитетот.
Ова го истакна денеска премиерот Заев кој меѓудругото кажа дека уште се бара решение со партијата на Билал Касами.
Премиерот вели дека залагања на претставниците на власта се идентитетот да биде загарантиран.
„Албанците го направија тоа и на референдумот и со поддршката на Договорот од Преспа, истовремено и ние Македонците немаме намера нечие етничко чувство или припадност да го преиначиме. Тоа се човекови вредности и права“, потенцира Заев.
Ниту премиерот нема точна бројка во однос на мнозинството.
Тој посочува дека колкумина пратеници ќе гласаат за уставните имени ќе се знае во моментот на гласањето а тоа може да се види упте денес.
